Преживеан во падот на пакистанскиот авион: Сите викаа и плачеа, сите почнаа да се молат (ВИДЕО)

Деведесет и седум луѓе загинале во пакистанскиот авион што се срушил во градот Карачи на југот на земјата, а пронајдени се само двајца преживеани, соопштија властите на Пакистан.

Еден од преживеаните е Мухамед Зубаир кој ја преживеа несреќата со полесни повреди.

“Откако избувна пожарот во авионот, јас го откопчав безбедносниот ремен и видов светлина. Се симнав од авионот со скокање, висината беше скоро 3 метри. После тоа, дојде брза помош и ме однесоа во болница”, рече Зубаир.

Тој вели дека во авионот имало деца, мажи, жени, стари лица.

„Кога авионот повторно почна да се крева над пистата, сите викаа и плачеа, сите почнаа да се молат“, рече тој.

Припадниците на армијата и службите за итни случаи ја минале ноќта користејќи тешки машини и хеликоптери за расчистување на областа, отстранувајќи ги урнатините на куќите и делови од остатоците од авионот.

Двајцата преживеани, кои беа пронајдени на самиот почеток на спасувачката операција, дадоа надеж дека евентуално може да има повеќе преживеани. Еден од преживеаните е претседателот на банката Пенџаб, една од најголемите пакистански банки, изјави лидерот на авиокомпанијата. Производителот на авиони „Ербас“ соопшти дека ќе му даде техничка помош на Пакистан во истрагата за несреќата.

Ројтерс претходно објави, повикувајќи се на службеник за воздушен сообраќај, дека авионот се чини дека не успеал да ги спушти тркалата за време на слетувањето, но сè уште е рано да се зборува за вистинската причина за несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот