Превкусни „нутелоти“: Рецепт за чоколадни колачиња за кои ви се потребни само 3 состојки

Фото: Pexels/ Hershe Girl Go

„Нутелоти“, италијански колачиња со кремот Нутела, не бараат многу труд и состојки. За да ги подготвите ќе ви требаат само брашно, јајца и чоколаден крем со лешници.

По желба за декорација можете да користите и сечкани лешници, ореви или сусам. Шарени или чоколадни трошки, шеќер во прав или вишни од компот се некои други украсни додатоци со кои можете да си играте.

Колачињата може да се полнат со фил пред или после печење, а изборот е ваш: ако прво ги наполните, а потоа ги печете, филот ќе биде покомпактен.

Состојки:

– 340 гр Нутела
– 110 гр брашно
– 1 средно јајце

Подготовка:

Измешајте ги јајцето и 180 гр Нутела додека смесата не се изедначи. Додадете го просеаното брашно и повторно измешајте во мазно тесто. Тестото завиткајте го во пластична фолија и оставете го во фрижидер 20 минути.

Загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови. Земете мало парче тесто и обликувајте го во топче со големина на орев. По желба можете да го измерите и секое топче кое треба да тежи околу 20 грама за да добиете колачиња со иста големина.

Притиснете го прстот или рачката од дрвена лажица, во центарот на секое колаче за да направите простор за полнењето. Преостанатата Нутела ставете ја во кеса за филување и исцедете мала количина фил во центарот на секој изладен бисквит.

По желба посипете со сечкани лешници или сусам. Печете ги колачињата 10 минути и оставете ги да се изладат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот