Превкусна француска салата од компири (РЕЦЕПТ)

Французите имаат прекрасна кујна, пробајте ја оваа салата-специјалитет која се подготвува многу едноставно и уверете се во тоа. Оваа едноставна и вкусна салата може да ви послужи и како оброк.

Потребни состојки за 4-6 лица:

  • 0,5 кг бели компири
  • 0,5 кг црвени компири
  • 2 супени лажици бело вино
  • 2 супени лажици сок од варено пилешко (или коцка за супа)
  • 3 супени лажици вински оцет
  • 1/2 мала лажичка сенф
  • 2 мали лажички крупна сол
  • 3/4 мала лажичка црн пипер
  • 10 супени лажици маслиново масло
  • 40 грама ситно сечкан млад кромид (и белиот и зелениот дел)
  • 2 супени лажици мирудија
  • 2 супени лажици свеж сечкан магдонос
  • 2 супени лажици свеж сечкан босилек

Начин на подготовка:

Откако ќе ги сварите компирите (варете ги 20-30 минути во солена зовриена вода), оставете ги десетина минути да се исцедат и изладат, а потоа пресечете ги на половинки, а ако се поголеми може и на помали делови. Додадете ги виното и пилешкиот сок и дозволете да се впијат во компирите со нежно мешање.

Во сад ставете ги маслиновото масло, винскиот оцет, сенфот, пола лажичка сол и ¼ лажичка црн пипер и мешајте се додека не добиете хомоген прелив за салата, кој меѓу Французите е познат како винегрет. Потоа прелијте ги компирите со него.

Потоа додадете го и остатокот од зачините, кромидот, босилекот и магдоносот и добро измешајте. Се сервира топло или на собна температура.

Пријатно!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот