Претставничката на СЗО Тавила: Нема простор за паника, будно се следи состојбата со коронавирусот

Министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање кажа дека нема информации за македонски државјани кои биле во контакт со лица заболи од коронавирусот.

Претставничката на СЗО во нашата земја Жихан Тавила, заедно со министерот за здравство Венко Филипче дадоа изјава за медиумите во однос на подготвеноста на нашата земја за се справи со заканата од коронавирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче на новинарско прашање кажа дека нема информации за македонски државјани кои биле во контакт со лица заболи од коронавирусот.

-Го спремивме целокупниот здравствен систем, здравствениот кадар во однос на инфраструктурата, во однос на опремата. Чекор или два сме напред да се справиме со овој предизвик. Иако далеку сме од тој ризик- рече Венко Филипче.

Ова е нов вирус, вели претставничката на СЗО Тавила, сите земји учиме како да се справиме со новиот вирус, но се фокусираме на тренинг, на подготвеност.

-Задоволна сум на спремноста на земјата да одговори во случај на детекција на овој нов коронаворус. Ќе се обрне внимание на обука на здравствените работници за постапки во случај на детекција на коронавирусот. Будно се следи состојбата, нема потреба од паника, населението треба да практикува хигиена, доколку некој кашла или има покачена темепратура треба да се јави во здраствена установа. Да се избегнува конктат со лица кои кашлаат и често да се мијат рацете, само на овој начин може да се заштитиме. Земјата е спремна да одговори на оваа закана од коронаворусот- рече шефот на канцеларијата на СЗО, Тавила.

Од понеделник, рече Филипче, ќе има дневен брифинг со новинари за да се известува населението, за тоа како се одвиваат работите, дали евентуално има најава дека ќе дојдат патници од Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот