Претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ доби три награди на фестивал во Црна Гора

Сцена од претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младинци

Една од најнаградуваните претстави „Роња, ќерката на ограбувачот“ на Театарот за деца и младинци од Скопје повторно се закити со најпрестижни награди, овојпат освои три награди на 10. Меѓународен куклен фестивал во Подгорица, Црна Гора, кој се одржа од 31 август до 04 септември 2023 година.

Комисијата предводена од драматургот и режисер Горан Булаиќ, заедно со Алек Радиќ и Владимир Лазовски – членови, на „Роња, ќерката на ограбувачот“ ѝ ги додели наградите: Гран-при за најдобра претстава, Награда за најдобра режија и Награда за актерско мајсторство за Матеа Јанковска.

Режијата и драматизацијата на претставата се на Јакуб Максимов, а е работена според истоимениот роман од Астрид Линдгрен.

Матеа Јанковска доби Награда за актерско мајсторство

Во претставата настапуваат: Матеа Јанковска, Никола Наковски, Мики Анчевски, Катарина Илиевска-Силјановска, Ангела Димитрова и Петар Стојанов.

Драматург на претставата е Горјан Милошевски, а сценографијата, дизајнот на куклите и на маските се дело на Олга Зјебињска од Полска, која ги изработи и костимите. Композитор и корепетитор е Лазар Новков од Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот