Претседателката на Битолскиот совет Габриела Илиевска: Мандатот можете да ми го земете само ако умрам
На денешната седница на Советот на Општина Битола, на која се расправа за предложениот ребаланс на буџетот од страна на градоначалникот Тони Коњановски, се води жестока дебата помеѓу довчерашните неформални коалициони партнери ВМРО-ДПМНЕ и независната советничка листа на “Поинаку”.
Препорачано
„Ако како ВМРО-ДПМНЕ имавте 16 советници јас никогаш немаше да бидам претседател на Советот на Општина Битола. Јас дали ќе бидам претседател на Советот или советник она што сум го ветила пред граѓаните на Битола, секој ден ќе барам да се исполни. Мандатот можете да ми го земете само ако умрам, оти друг начин немате. Имате опција или да работите со нас, а имате опција да се докажувате. До пред четири месеци безрезервно ја имавте поддршката од независните советници на “Поинаку”. Ама видовме непотизам, партиски вработувања и игнорантски однос на се она што е граѓанска иницијатива во Битола и затоа поддршката ја изгубивте“ вака претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиевска му реплицираше на советниците од ВМРО-ДПМНЕ на денешната маратонска седница на Битолскиот совет на која е ребалансот на буџетот.


