Претреси во станот на Миле Јанакиески во Прилеп и во станови на Груевски во Скопје

Претреси во објект на поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески во Прилеп се вршени утрово, дознава „Слободен печат“. Од јавното обвинителство потврдуваат дека имало претреси во објекти во Прилеп но не прецизираат кој станува збор.

„Слободен печат“ дознава дека полициски претреси по налог на јавен обвинител се вршени во станови на Никола Груевски во Скопје.

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска за „Слободен печат“ потврди дека извршен е претрес на дополнителниот имот на екс премиерот Груевски во Скопје, а во врска со предметот „Плацеви на Водно“.

Пред две недели во притвор поради плацевите на Водно се најде бизнисменот Орце Камчев и тоа како осомничен за кривично дело перење на пари.

Поранешниот премиер Никола Груевски се товари дека овозможил со пари прибрани за партијата да се купи земјиште на Водно преку фирма на поранешниот свој кум Новачевски. Осомничени се и Ненад Јосифовиќ и Ратка Камчева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот