ПРЕПОРАКИ ОД ИЗОЛАЦИЈА: Вежби во домашни услови со Маја Талевска Печников (ВИДЕО)

Вежбањето за време на затворањето меѓу четири ѕида е многу важно. Затоа, продолжуваме со циклусот вежби во домашни услови за кои ви е потребно само малку простор и добра волја.

Маја Талевска Печников, инструкторка по пилатес, подготви нова серија на вежби за читателите на Слободен печат.

Се почнува со триминутно загревање по кое следуваат главните вежби и на крајот се вежбите за истегнување на целото тело.

Во видеото Маја ве води чекор по чекор, од начинот како да ги изведете правилно вежбите до колку пати треба да ги повторите.

Ајде да вежбаме заедно!

Да ве потсетиме и на вежбите од Маја од минатата недела, погледнете го видеото – ТУКА.   

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот