Пренџов: Доколку се појавиме со двоецот Заев – Ахмети во Брисел ќе добиеме ист или полош одговор од минатата година

ДУИ имаше добра кампања за да биде во центар на вниманието и тоа мотивираше доста Албанци да гласаат, бидејќи објективно партиите што се на власт кај граѓаните имаат негативна позиција, рече претседателот на Демократски сојуз Павле Трајанов во „Само вистина“, а потоа дополни дека тезата на ДУИ со која настапија во предизборната кампања била повеќе симболична.

-Со тоа обезбеди голем број гласачи и 15 пратеници и ако со 10 имал 4 плус 2, веројатно сега бара повеќе ресори. Османи изјави дека тоа е повеќе симболично прашање, а не реално. Претпоставувам дека инсистираат по секоја цена да имаат можност што за мене е неприфатливо преку уцени да се дојде до власт, рече Трајанов.

Според Љупчо Пренџов, потпретседател на ГРОМ, неопходно е да се направи анализа, односно да се тргне од причината за предвремените паралентарни избори.

-Независно кој ќе ја прави Владара, да направиме анализа и што беше причината за предвремените паралентарни избори. Причината беше шлаканицата од ЕК пред 10 месеци и недобивање датум за преговори, иако направивме најголеми отстапки. Најголемите критики од ЕУ се дека има селективна правда и право, а главната е дека малата корупмирана политичка елита живее на грбот на чесното мнозинство и не добивме датум ради корупцијата. Да бидеме чесни, во последните 20 години секоја партија имаше корумпирана елита која ја зацрнуваше партијата, но последните години некои се прочистија од тие кадри, а други не ни сакааат да се чистат. Јас сметам дека доколку една година покасно се појавиме со двоецот Заев – Ахмети во Брисел ќе добиеме ист или полош одговор од минатата година и ми е жал што доколку успее да се направи ваква влада, граѓаните уште долго време ќе тапкаат во место, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот