Премиерот на преодната влада на Либија побара меѓународна помош

Премиерот на преодната влада на Либија, Абдул Хамид Дбеибех, побара од меѓународната заедница да помогне странските борци, платеници, да ја напуштат територијата на земјата.

Тој тоа го побара во Берлин за време на меѓународниот мировен собир посветен на Либија.

Разговорите биле фокусирани на меѓународната поддршка при организирање и одржување на изборите закажани за декември годинава, заминувањето на странските платеници од Либија и обединувањето на вооружените сили, кои сега се поделени на спротивставени фракции во таа земја.

Дбеибех, кој беше назначен за премиер на владата на националното единство во март со поддршка на ОН, на состанокот предупреди дека лошата безбедносна состојба ја загрозила транзицијата.

– Постои загриженост за политичкиот процес, кој во некои области се потпира на оружени сили и платеници и присуството на терористи, предупреди премиерот на преодната влада.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас истакна дека сите учесници сакаат да бидат сигурни дека постои меѓународна поддршка.

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен рече дека планираните избори во Либија мора да се одржат.

– Ние ја поддржуваме целта за суверена, стабилна, обединета и безбедна Либија без странско мешање, додаде Блинкен.

Со помош на ОН, Либија постигна брз напредок во текот на изминатата година во надминување на хаосот и насилството, кое во една фаза се закануваше да прерасне во голем регионален конфликт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот