Премиерот на Гренланд: Тешко дека Америка ќе нѐ нападне со војска
Гренландскиот премиер Јенс-Фредерик Нилсен изјави дека не е веројатно САД да употребат воена сила против арктичката територија, но дека таа можност „не може целосно да се исклучи,“ објави „Гардијан“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Говорејќи на заедничка прес-конференција во главниот град Нуук со поранешниот премиер на Гренланд, Муте Б. Егеде, Нилсен рече дека „ништо не е исклучено“ и дека доколку Гренланд, кој е дел од НАТО, биде нападнат, тоа ќе има „последици за надворешниот свет“.
– Не е веројатно дека ќе се употреби воена сила, но таа можност не е исклучена, другата страна јасно го стави тоа до знаење – изјави Нилсен.
Тој додаде дека затоа Гренланд мора да биде подготвен за сите можни сценарија.
– Нагласуваме дека Гренланд е дел од НАТО и доколку дојде до ескалација, тоа ќе има последици и за надворешниот свет – рече тој.
Русија застана зад Трамп: Гренланд не е природен дел од Данска, вели Лавров
Нилсен изјави и дека „нема сомнеж“ оти на Гренланд му е потребно поголемо воено присуство поради растечките тензии во Арктикот.
– Ако го погледнеме одбранбениот сектор, ќе видиме дека има многу воени вежби од сојузничките земји и дека тензиите во Арктикот растат. Нема сомнеж дека ни е потребно поголемо воено присуство – истакна тој.
Сепак, како што рече, разговорите за сопственоста на Гренланд се неприфатливи.
Нилсен додаде дека Гренланд има „добар дијалог“ со Европската Унија, однос што сака дополнително да го зајакне.
Поранешниот премиер Муте Б. Егеде изјави дека целото гренландско општество е „емоционално погодено“ од актуелните случувања.
Трамп објави преписка со Макрон и Руте за Гренланд и Блискиот Исток


