Премиерот Ковачевски и сопругата Елена беа на прием кај Бајден

Фото: Влада на РСМ

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со сопругата Елена, денеска во Њујорк присуствуваа на свечениот прием за претседателите на држави и влади, организиран од претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден и неговата сопруга Џил.

Приемот во организација на Бајден се одржа како дел од 77-то Генерално собрание на Обединетите нации.

„Присуството на премиерот Ковачевски на приемот организиран од претседателот Бајден е уште една потврда на долгогодишното стратешко партнерството на Северна Македонија со САД, како и поддршката што како држава ја добиваме во исполнување на клучните цели, но и за реализација на предвидените приоритетни политики за економски, социјален и демократски просперитет на државата. Придобивките од членството на Северна Македонија во НАТО и стратешкото партнерство со САД, се од исклучително значење за нашата држава особено во овој период на глобална економско-енергетска криза со која се соочува целиот свет“, велат од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот