Конференција за плаќања и пазарна инфраструктура / Фото: Слободен печат

Прекуграничните плаќања во евра станаа поевтини и побрзи

Прекуграничните дознаки во регионот на Западен Балкан се за 32 проценти поскапи од трансферите на други делови на светот- разлика којашто сигурно може да биде отстранета со СЕПА – рече гувернерот Славески.

На 7 октомври 2025 провајдерите за плаќања почна да оперират во Единствената област во плаќање во евра (СЕПА). Ако се искористи банкарскиот „налог СЕПА“ плаќањата ќе бидат значајно поевтини, системот е побезбеден и потранспарентен. Со влезот во СЕПА, Македонија покажа дека е подготвена да се интегрира во европскиот систем и пред влезот во ЕУ, порача Трајко Славески, гувернер на Народна банка, која денеска и утре е домаќин на 16-тата конференција за плаќања и пазарна инфраструктура што се одржува во Охрид.

-За нашите граѓани, членството во СЕПА носи реални и мерливи придобивки. Според проценката на Светска банка, испраќањето дознаки до македонските приматели и поширокиот Западен Балкан преку традиционални аранжмани за коресподентно банкарство чини во просек до 6,71 процент од вредноста на трансакцијата. Исполнувањето на глобалната цел до 3 проценти би им обезбедило на граѓаните низ целиот регион дури 500 милиони евра годишно. Прекуграничните дознаки во регионот на Западен балкан се за 32 проценти поскапи од трансферите на други делови на светот- разлика којашто сигрно може да биде отстранета со СЕПА – рече Славески.

Тој појасни и дека од СЕПА корист ќе имаат и компаниите, особено малите и средните претпријатија.

-На пример, прекуграничен трансфер од 5.000 евра во ЕУ преку коресподентски банкарски канали чини околу 0,58 проценти, а трансфер од 20.000 евра околу 0,38 проценти од вредноста на трансакцијаата, додека споредливите трансфери во раките на ЕУ во рамките на СЕПА во просек изнесуваат само 0,01 процент – објасни Славески.

Гувернерот Славески најави дека следниот стратегиски чекор на Народната банка ќе биде воспоставување нов систем за инстант плаќања според стандардите и правилата за работа на европскиот систем ТИПС, што воедно е регионална иницијатива за поврзување на платните системи на земјите од Западен Балкан и нивна интеграција со европскиот инстант платен систем.

-Со помош на инстант системите, плаќањата ќе станат уште побрзи достапни во секое време, со што ќе се намали употребата на готовина и ќе се намали сивата економија. Ова пак, ќе ги поттикне растот и развојот – рече гувернерот.

На конференцијата присуствуват и гувернерите на Албанија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Молдавија.

– Задоволни сме што имаме вклучување и на дриги земји во европската објаст за плаќања. Новите членки имаат можност за развој на инстант плаќања – рече Џорџо Андреоли од Европскиот совет за плаќања и најави дека од мај 2026 година и Србија треба да се приклучи кон СЕПА.

Гувернерката на Босна и Херцеговина Јасмина Селимовиќ изрази задоволство што на една маса седат гувернери од сите земји од регионов и порача: „Ако нашите политичари би се однесувале исто како централните банки, нашите животи би бил многу подобри“.

Гувернерите од сите земји оценија дека новиот систем на прекугранични плаќања ќе обезбеди повеќе пари за граѓаните и фирмите. Беше потенцирано и дека ќе се подобри и инвестициска клима, односно дека инвеститорите повеќе сакат да инвестираат таму каде што се транспонирани европските директиви.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот