Преку ова не треба да поминувате: Девојки, по овие зборови слободно оставате го партнерот!

Време е да почнете да се почитувате себеси! По овие зборови, морате да го прекинете односот со љубовникот, сопругот или партнерот!

 Комуникација

Доколку подолг период сте во врска со маж, а тој не се изјаснува во врска со свршувачка, брак и заеднички живот – тогаш размислете како да разговарате со него. Седете мирно и поразговарајте за тоа каде води вашата врска.

 Понекогаш сме толку слепи од љубов што не гледаме што навистина се случува околу нас. Можеби тој само ве завлекува? Можеби тој само чека подобра прилика? Ова се зборовите кои се голем знак на предупредување…

 „Би требало да се разделиме“

Обично оваа реченица следи по објаснувањето дека тој не е за сериозна врска или брак. Прво, внимателно сослушајте го партнерот. Морате да сфатите дека тој по овие зборови никогаш нема да се промени и да посака сериозна врска со вас. Ако не го направил тоа досега, никогаш нема.

 „Останувам со другарите на пиво“

Ако забележите дека сè повеќе време почнал да поминува со пријателите, а сè помалку со вас, размислете со кого сте во врска. Чекате цел ден вашиот сакан да си дојде од работа, а тој ви јавува дека ќе остане со другарите во град. Каде сте вие тука?

Ако ви каже дека веќе не ве сака, нема што повеќе да барате во таа врска. Тоа е крајот. Нема потреба да се обидувате да ги вратите работите на старо – тоа е невозможно!

 „Не сум спремен…“

Да изнајмиме стан, да живееме заедно, да излеземе во град, да те запознам со семејството… Ако не е спремен сега, нема да биде спремен никогаш.

„Како си се облекла“ или „Кога ќе ослабиш?“

Ако ги чуете овие зборови од својот партнер, треба да знаете дека се приближува крајот на вашата врска. Сопругот или партнерот би требало да ве сака такви какви што сте. Точка.

 Се дружи со поранешната

Ако чуете дека партнерот пиел кафе со бившата или зборува со неа со задоволство, можно е тој веќе да размислува за тоа да ве изневери. Ако дозволил бившата љубовница да му се врати во животот, тоа значи само едно нешто – крај на вашиот брак.

 Разберете дека некои работи не може да се сочуваат. За да опстане бракот, потребна е волја од двете страни. Не дозволувајте вие да бидете тие што ќе ја поправаат врската и ќе прават сè за да ја воскреснат од мртвите. Тоа едноставно не е вредно за вашиот труд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот