Прекрасната Каја Гербер потврди дека „тута“ фризурата е повторно во мода! (ФОТО)

Фотографија: Instagram

Веруваме дека многу од вас ќе се согласат дека нема полоша фризура од така наречената „тута“ која беше популарна во деведесетите.

Но, изгледа со тоа не се согласуваат славните убавици кои пробуваат да ја вратат во мода. Откако на неа се одлучи Шерлиз Терон, на која изненадувачки добро и стои, сега оваа „омразена“ фризура ја испроба и ќерката на Синди Крафорд, манекенката Каја Гербер.

Каја со „тута“ фризурата позираше за едиторијалот на американскиот Вог во кој се претставени натпреварувачите за нивната награда во соработка со Aмериканскиот моден совет (CFDA).

Убавата манекенка на фотографијата има екстремна варијанта на омразената фризура со избричен долен дел и исто така изненадувачки добро и стои, посебно во комбинација со хипнотизирачкиот фустан кој е со потпис на еден од натпреварувачите, Кристофер Џон Роџерс.

Сепак, со оглед на тоа што е во прашање моден едиторијал, најверојатно се работи за перика, а Каја не се пофали со новата фризура ни на својот Инстаграм. Но, што и да е случајот, веруваме дека поради неа (секако и Шерлиз), многумина ќе го променат мислењето за „тута“ фризурата и не би не изненадило доколку повторно стане тренд.

Кое е вашето мислење за оваа фризура?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот