Прекрасен гест на Мурињо, ќе му ја исполни желбата на македонски новинар! (ВИДЕО)

фото: твитер

Жозе Мурињо денеска имаше прес конференција во пресрет на утрешниот натпревар од третото квалификациско коло на Лига Европа во Скопје помеѓу Шкендија и Тотенхем.

Португалскиот менаџер повторно се најде во центарот на вниманието, овојпат ги одушеви македонските новинари, но и пошироко.

Мурињо зборуваше за очекувањата и дуелот против тетовските „црвено-црните“, самиот пристап, а на крајот од пресот имаше и разговор со македонски новинар.

Еден од домашните новинари беше прилично вознемирен, бидејќи не доби шанса да му постави прашање на Мурињо кој се врати само поради него, по што се извини и портпаролот на Тотенхем.

Нашиот новинар имаше лична молба за Мурињо. Објасни дека неговиот татко е починат, но и кој секогаш го почитувал Мурињо и го воспитуваше својот син токму онака како што Мурињо ги води своите екипи.

Во завет неговиот татко му остави, доколку се најде во можност да го замоли Мурињо за заедничка фотографија.

– Доколку мечот помине добро за вашиот клуб, дали би ми дозволиле да се сликам со вас? Би сакал таа слика да ја врамам таа фотографија и да ја ставам на гробот на татко ми – беше молбата на новинарот.

Еве го одговорот на менаџерот на Тотенхем:

Фотографијата нема никаква врска со исходот на натпреварот. Ние ќе го сториме тоа. Доколку можеме да се сретнеме пред натпреварот, ќе го направиме тоа, тогаш може ќе биде полесно, доколку не, ќе го сториме тоа по натпреварот, резултатот нема да влијае на тоа. Ќе ми биде задоволство да ви оддадам почит на вашиот татко – беа зборовите на Мурињо.

Мурињо пред Шкендија: Ваквите мечеви се потешки од оние во групната фаза!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот