Преглед на настаните во денешната руска инвазија врз Украина

Руска војска/ Фото: МИА

Рано утринскиот напад на руските сили врз Украина ќе има далекусежни последици за сите земји во Европа, посебно за Русија и Украина, но и нивните соседи. Воени разурнувања, жртви, бегалски бранови во повеќе правци, се само дел од сцанаријата што се разработуваат во соодветните државни органи, служби, но и меѓународни воено-безбедносни и хуманитарни институции….

 

Следи кус бекграунд на дел од денешните случувања:

* Руските сили рано утринава извршија напад врз Украина од три страни, а експлозии одекнаа и во Киев.

* Бомбите прво паднаа врз североисточниот град Харков, но нападот брзо се прошири во централна и источна Украина.

* Напади беа пријавени во градовите Одеса, Днепар, Мариупол и Краматорск.

* Путин прво рано утринава го соопшти нападот, изјавувајќи дека одлучил да спроведе специјална воена операција и да ги заштити луѓето кои „осум години се изложени на злоупотреба и геноцид од режимот во Киев”.

* Претседателот на Украина, Володимир Зеленски одговори дека разговарал со американскиот претседател, Џозеф Бајден и дека САД се подготвуваат да ја поддржат Украина.

* Следеа жестоки реакции на светските лидери и организации, во кои неподелена е осудата на овој непримерен чин на агресија.

* Украинскиот претседател нареди прекин на дипломатските односи со Русија, општа мобилизација на Украинците и потегот на соседот го нарече напад што наликувал на „нападот на нацистичка Германија врз СССР”.

*Британскиот премиер Борис Џонсон, Путин го нарече „диктатор”, а нападот „катастрофа”, додека германскиот канцелар Олаф Шолц кажа дека ова е војна на Путин, во која тој ја направил најгопемата грешка.

*Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг по средбата на амбасадорите на земјите членки на Алијансата кажа дека со денешниот напад се создава „нова Европа”, во која ништо нема да биде исто како вчера, но и децидно најави дека НАТО нема да испшрати војници во Украина, туку дека и натаму приоритет ќе им дава на дипломатските напори за надминување на кризата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот