1.1 C
Скопје

Предвремено пензионирање – добро за вработеноста, лошо за Буџетот

Околу 40 отсто од приходите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, во 2019 година се обезбедени преку државната каса.

Најголемото изненадување од економскиот дел на Предлог-програмата на Владата за периодот 2020-2024 година, кое предизвика и најголемо внимание во јавноста, е најавата за можноста за предвремено пенизонирање до 5 години, но со помала пензија. Ова би значело дека жените би можеле да одат во пензија на 57 години, а мажите на 59 години.

Според мандатарот Зоран Заев постои реална финансиска можност да се реализра оваа мерка.

– Фондот за пензиско осигурување е во добра кондиција, приходите се до 8 проценти зголемени во корона-кризата. Пред кризата приходите растеа 12 до 13 проценти. Фондот сега е стабилизиран – рече претседателот на СДСМ.

Главниот аргумент за можноста предвреме да се оди во пензија, секако е зголемување на вработеноста. Зголемената вработеност, пак, ќе донесе нови придонеси во Фондот за пензиско осигурување. Ова би било особено важно ако се точни тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека 40.000 работници останале без работа од почетокот на здравствената криза.

Прочитајте и...  Пад на бројот на хоспитализации во Велес: Испишани осум оздравени пациенти, во болнички кревет - 17

Но, еве што велат бројките за тоа како се полни Пензискиот фонд. Според податоците на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, вкупните приходи на Фондот во 2019 година изнесуваат 75,9 милион денари (околу 1,2 милијарди евра), и во овој износ парите од државната каса се 29 милијарди денари (околу 471 илјади евра), што значи дека околу 40 отсто од неопходните пари се обезбедуваат преку Буџетот.

Пензискиот придонес од 1 јануари 2020 година е 18,8 проценти од бруто платата. Ова значи дека толку нови пари би влегле од секој нововработен, на сметка на заминатите во превремена пензија. Секако, овој износ е помал од оној што треба да се исплати на пензионерот.

Многу важен податок, кој треба да се соопшти е колку вработени мажи сега се на возраст поголема од 59 година, а колку жени се на возраст над 57 години. Но, прашање е колку реално ќе има и заинтересирани да одат во предвремена пензија, ако се земе предвид дека просечно исплатена пензија во јули е 15.412 денари, а дури 35,5 отсто од нив, се со пензија до 12.863 денари.

Прочитајте и...  Почна реконструкција на тоалети во кумановската гимназија „Сами Фрашери"

Неповолна е и статистиката во однос на тоа колку има вработени за кои се плаќа осигурување и колку има пензионери. Податоци на Фондот за ПИОМ покажуваат  дека во 2019 година имало 581.405 вработени – осигуреници со задолжително пензиско и инвалидско осигурување, а дека бројот на пензионерите на крајот од 2019 година  бил 324.039, или 1,8 вработени издржува еден пензионер. Пред триесетина години, тројца вработени издржувале еден пензионер. Но, демографските промени, односно зголеменото учество на старото население од една страна и намалениот природен прираст, е проблем што ги мачи и другите земји во светот, поради што се бараат нови начини како да се обезбедат пари за посигурни денови во староста. Од овде почна и идејата за тростолбниот пензиски систем, каде што освен во државниот пензиски фонд, оние што се вработени по 2003 година, мора да членуваат и во приватен пензиски столб.

Прочитајте и...  Владата ќе одржи редовна седница

Инаку, од вкупните приходи на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кои изнесуват околу 1,2 милијарди евра, расходите за пензии се 77 отсто, или околу 915 милиони, а другите пари одат за плаќање на здравствениот придонес за пенионерите, за трансфери во втриот пензиски столб, како и за самото институционално функционирање на пензискиот фонд.

Поврзани вести

Филипче уверува: Сите вакцини се безбедни, не постои законска пречка за увоз на која било од нив

Слободен печат

Задолжување за поддршка на економијата: Грција планира до две милијарди евра преку издавање на нова десетгодишна обврзница

Слободен печат

Усвоена резолуција за импичмент во Сенатот: Процесот против Трамп ќе продолжи на 9 февруари

Слободен печат

Мина „мазно“ во Сенатот: Ентони Блинкен е нов шеф на американската дипломатија

Слободен печат

СДСМ: Зад бојкотот и саботажата на пописот стои Груевски, Мицкоски е само извршител

Слободен печат

Црна Гора ќе повлече седум амбасадори: Меѓу отповиканите и Тарзан Милошевиќ од Србија

Слободен печат

Остави Коментар