Предупредување од Москва: Турција распоредува воена опрема и изведува операции во Сирија

Воен конввој на Турција / Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Руското Министерство за одбрана денеска предупреди дека Турција распоредува воена опрема и изведува операции за утврдување на главните пунктови во областа Аин-Иса во провинцијата Рака.

– Русија е длабоко загрижена за трансферот на воена опрема од страна на турските вооружени сили, се наведува во документот, без да се наведат детали.

Во меѓувреме, Анкара соопшти дека територијата под контрола на Турција во северна Сирија беше цел на ракетен напад во текот на изминатите 24 часа. Министерството за одбрана на Турција соопшти дека ракетите биле истрелани од воениот аеродром Квејерс кон цивилни цели, како и врз цистерни со бензин, при што се повредени цивили.

Властите во Анкара соопштија дека разговарале со руската Влада и повикале на стопирање на ракетните напади од териториите контролирани од Дамаск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот