Предлог законот за помилување на комисиска расправа во Собранието

Комисија за политички систем/Фото; МИА

Предлог законот за помилување, во прво читање, на предлог на Министерството за правда, денеска е на дневен ред на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, која треба да расправа и за предлог законите за изменување и дополнување на Законот за народниот правобранител и на Законот за извршување на санкциите, исто така во прво читање. Закажани се седници и на собраниските комисии за прашања на изборите и именувањата, за одбрана и безбедност, на Буџетски совет и на Законодавно-правната комисија.

Причините за донесување нов закон за помилување, според предлагачот, произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот Закон за помилување од аспект на неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања регулирани со законот.

-Со Предлог закон за помилување се уредуваат поимот и видовите помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени за поднесување молба за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето. А, една од најзначајните измени во законот е тоа дека претседателот на државата може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. Исто така се разработува постапката за помилување, при што клучни се и одредбите за одговорност на лицата кои постапуваат по предметите, како и на нивните претпоставени, информираше владината прес-служба по седницата на Владата на која беше утврден текстот на Предлог законот.

Членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе одлучуваат за утврдување предлог-одлуки за именување член на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, за избор на членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво, за изменување на одлуките за именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, за разрешување и именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, за именување претседател и членови на одборите за доделување на државните награда „Св. Климент Охридски“ и „22 Ноември“….

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот