Предлог за неделен ручек: Динстани шницли со печурки

Unsplash
Unsplash

Оваа недела израдувајте ги домашните со ново гурманско задоволство кое го немаат пробано досега. За време на неделите се приготвува обично месо со грав, или на скара, но овој пат потготвенете нешто поинакво и многу вкусно.

СОСТОЈКИ:

– 2 кг свински шницли од врат
– 1 кг шампињони
– 1 голем кромид
– 1 лажица црвен пипер
– 1 лажичка црн пипер
– 3 китки свежа мајчина душичка (или 2 лажици сува)
– 1 лажица чубрика
– 1 лажица крупна морска сол
– маслиново масло
– 200 мл црвено вино
– 1 лажица путер

ПОДГОТОВКА:

Исечете го кромидот на полумесечинки, додајте ги останатите зачини и маслиновото масло, па измешајте. Добро истријте ги шницлите со маринадата и покријте ги со неа. Во ова маринирајте ги 24 часа. Во нелепливо тавче ставете масло, загрејте го на висока температура и потоа ставете да се пржи месото кратко од двете страни, да се карамелизира, не да се вари.

Пржете додека добие златна коричка. Откако ќе завршите со месото, додајте ги сечканите печурки во истото тавче и пржете додека бидат готови.

Потоа додајте ја маринадата, виното и путерот. Редуцирајте додека испари течноста и мешајте да не загори, односно да ги соберете сите остатоци од карамелизираното месо. Во глинен сад за печење редете ред месо, ред печурки, додека завршите. Поклопете со капак и ставете во ладна рерна, па нагодете ја температурата на 160 степени. Откако ќе се достигне температурата, печете два часа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот