Предлог на СДСМ, ДУИ, БЕСА и Алијанса: Да се распише оглас за избор на нова ДИК

Пратеници на СДСМ, на ДУИ, на Беса и на Алијанса на Албанците предлагаат да се распише оглас за избор на нови претседател, потпретседател и пет члена на Комисијата, затоа што мандатот на сегашниот состав истекува за еден месец, а оваа Предлог одлука е ставена како точка на дневен ред на денешната 29. собраниска седница.

Предлогот е поднесен од координаторите на пратеничките групи на владејачките СДСМ и ДУИ, како и од Кастриот Реџепи од Беса и Атнан Незири од опозициската Алијанса за Албанците.

– Имајќи ја предвид Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес (Службен весник на Република Северна Македонија, број 72/2020 и 154/2020), мандатот на постојниот состав на Државната изборна комисија е пред истекување. Од овие причини Собранието на Република Северна Македонија треба да огласи извор за нов претседател, потпретседател и пет члена на Комисијата поради што предлагаме Собранието да ја донесе оваа одлука, пишуваат пратениците во образложението.

Огласот за избор на нов состав на ДИК би се реализирал според важечките правила во Изборниот законик, со оглед на тоа што досега не се извршени измени и не е донесен нов. Неодамна во Министерството за правда беше формирана работна група која треба да работи на измени на Изборниот законик.

За избор на членови на ДИК е потребно двотретинско мнозинство во парламентот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот