Кинг Пауер/Leicester City Football Club

Пред десет години сензационално станаа шампиони, а денес чекорат кон трета лига

Не така одамна Лестер беше клуб кој ја направи најголемата сензација во историјата на Премиер лигата, а сега се на чекор од местата што водат во третото ниво на англискиот фудбал.

Десет години откако ја испишаа најубавата бајка и ја освоија англиската Премиер лига пред сите големи клубови, фудбалерите на Лестер се наоѓаат на делба на позициите што водат во третата лига во англискиот фудбал или Лига 1.

Лестер во оваа сезона влезе како еден од фаворитите за експресно враќање во Премиер лигата, но резултатите се катастрофални. И тоа не е сè. Сега пристигнаа уште полоши вести, откако раководството на лигата им одзеде шест бодови.

Популарните „Лисици“ ги прекршиле правилата на лигата за профит и одржливост. Поради тоа, им беа одземени шест бодови, што значи дека сега се на делба на местата кои водат во третата лига заедно со Вест Бромвич и Блекбурн, сите со по 32 бодови. Под нив се Оксфорд, кој има шест бодови помалку од безбедната зона, како и веќе отпишаниот Шефилд Венсдеј со минус седум бодови. „

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот