Празнична традиција: 16 живописни божиќни обичаи на народите низ светот

Фото: Justin Brown / Flickr

Во целиот свет луѓето го слават големиот празник Божиќ според традициите на својата земја.

Божиќ е Господски празник и се слави во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Причитајте како верниците го прославуваат Бадник и Божик ширум светот.

Чешка – фрлање чевел преку рамо

„Ако девојката го фрли чевелот преку рамо и тој падне така што е свртен кон вратата, може да се надева дека ќе се омажи во годината што штотуку започна“, вели едно старо чешко верување. Дополнително, подароци нема да носи Дедо Мраз туку малиот Исус, а доаѓањето ќе го најави со ѕвона.

Бразил – гром и тресок

Бразилците го дочекуваат празникот буквално со гром и тресок. Семејствата седат на полноќ на 24 декември (католичкиот Божиќ), а празничната вечера брзо се претвора во раздвижена забава со огномет. Празникот продолжува до утрото на 25 декември, кога бразилскиот Дедо Мраз – Papai Nöel- ги раздава подароците.

Тејман против злото во Бугарија

Во Бугарија Божиќ не поминува без темјан. Традицијата е на Бадник најстариот член на семејството „да помине“ со темјан се во домот – да го избрка злото. Ноќта на 25 декември, Дедо Мраз ги остава подароците под елката.

Подароци во чорапи во Англија

И во Англија подароците пристигнуваат ноќе. Утрото на 25 декември, децата ги распакуваат подароците што ги донел англискиот Дедо Мраз – Father Christmas. Тие се ставени во чорапи – како и во САД.

Кина – божиќни јаболка

На врвот на листата на подароци за Кинезите се „божиќните јаболка“, на кои се изгравирани убави желби или на кои е претставен Дедо Мраз. Во трговските центри, наместо џуџиња, Дедо Мраз го придружуваат жени кои го претставуваат како сестри или пријатели. Тие му помагаат во делењето подароци.

Грција – светлечки бротчиња

Бидејќи Грците се морска нација, тие украсуваат бродови со светкави венци што ги сместуваат во дворот на куќата или прозорците. На тој начин, тие им оддаваат чест и на своите сонародници морнари кои работат за време на празникот.

Исланд – 13 денови подароци

Додека во многу земји подароците се еднодневен ритуал, во Исланд луѓето даруваат 13 цели денови – со помали предмети. По 13 декември, вкупно 13 божиќни џуџиња, т.н. Jólasveinar, ставаат подароци во детски чевли – но само на послушните.

Австрија – цвет од цреша

На денот Света Варвара, 4 декември, во чаша со вода се става гранка од цреша, која ако процвета пред Божиќ, носи среќа и брачна радост.

Јапонија – празник на оние што немаат семејство

И Јапонија е под влијание на западните традиции за божиќните празници. Но, во азиската земја, Божиќ не е класичен семеен празник: сопружниците се собираат заедно со пријателите, а неженетите го користат празникот како повод да излезат да слават – со надеж дека ќе го запознаат својот иден партнер. Подароците доаѓаат само на 26 декември – ги носи јапонскиот Дедо Мраз, наречен Santa Kurosu.

Холандија – преплавена од поштенски картички

Наспроти сегашните трендови, Холанѓаните ја држат класичната божиќна пошта: за празникот, тие испраќаат многу писма и, најмногу од сите, честитки за Божиќ по пошта. Подароците, пак, се раздаваат уште на 6 декември – за Денот на Свети Никола.

Португалија – душата на починатите покрај трпезата

Во текот на Козода, традиционалниот оброк на божиќното утро, се поставува уште едно место на масата за да може духот на покојникот да се приклучи на гозбата.

Норвешка – криење метли

Норвежаните изведуваат необичен божиќен ритуал: ги кријат сите метли и чистачи за подот, така што вештерките не можат да ги украдат и да летаат со нив на празнична ноќ. Норвешките деца ги добиваат своите подароци на 24 декември, но не ги носи Дедо Мраз, туку божиќен гном по име Julenissen.

Финска – божиќна коза

Финскиот Дедо Мраз ја примил сликата на коза, какво и да е неговото официјално име – „Joulupukki”- значи точно божиќна коза. Доаѓа со подароци за деца на 24 декември.

Русија – минимализам

Додека во многу земји раскошната декорација е неопходен дел од празникот, Русите речиси и да не ги украсуваат своите домови – обично празничната декорација е исцрпена со само една елка. Подароците доаѓаат само во новогодишната ноќ – 31 декември – со Дедо Мраз.

Украина – пајажина за среќа

И во Украина, подароците ги дава Дедо Мраз, но на 6 јануари. Според стариот обичај, Украинците ги украсуваат своите елки со украси слични на пајажина. Тие веруваат дека тоа ќе им донесе среќа.

Стара вештерка во Италија

Во Италија, подароците за празникот не ги носи Дедо Мраз, туку „стара вештерка“. Таканаречената „Бефана“ лета од куќа до куќа, јавајќи ја својата метла и носи подароци за послушните деца на 6 јануари. Непослушните деца добиваат јаглен од вештерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот