„Празен календар“ – модерна фолк-балада која ќе посакате да ја слушнете повеќе пати (ВИДЕО)

Станува збор за битолчанецот Менде Куновски, кој вчеравечер (четврток) пред своите најблиски пријатели, колеги, роднини, но и вљубеници во убавата песна, го промовираше своето првенче во еден познат битолски ресторан.

“Празен календар” е насловот на овој деби-сингл на Куновски, а на кој како автори се потпишуваат едни од најдокажаните имиња, Николче Мицевски (музика и аранжман) и Борче Нечовски (текст). Песната е пак снимена во студио “XL Момировски”.

Ако досега бевме навикнати да слушаме фолк-песни во кои преовладуваат зурли и тапани, овој пат не е така. Токму овој проект докажува дека на овие наши простори има капацитет да се создаде и квалитетна модерна фолк-песна.

– Долги години бев член на битолската група “Алтернатор”, но решив дека е вистинско време да создадам нешто сам и нешто што ќе остане да се слуша долги години. Јас вака го замислувам новиот фолк-звук во нашата земја и убеден сум дека ќе и се допадне на публиката – вели Куновски, кој не крие дека му е драго што за првенчето соработувал со најдобрите.

– Да се работи со Николче и Борче е чест и привилегија. Вистински мајстори во својот занает, впрочем и нивните дела кои ги имаат создадено сведочат за тоа што јас го зборувам – завршува Куновски.

Се разбира, новата песна беше и екранизирана од рацете на вредната екипа од “Веста Продукција”.

Инаку ова е само почеток, бидејќи во блиска иднина повторно ќе го видиме и слушнеме Менде со нова песна.

А, сега погледнете и уживајте:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот