Правила за летната сезона во Бугарија: Да се избегнуваат фенови, автомати за пијалоци и клима уреди

Хотелите и рестораните во Бугарија веќе можат да пречекуваат гости согласно мерките и препораките дадени од Министерството за туризам. Покрај задолжителната засилена хигиена за секој гостин, сопствениците на сместувачките капацитети се должни на секој турист да му обезбедат санитарен сет, кој вклучува заштитна маска и заштитни ракавици.

Се препорачува да се избегнува употреба на фен за коса и автомати за пијалаци, како и клима уреди кои, доколку е можно, може да ги заменат за вентилатори. Храната мора да се сервира само на отворени простори – на хотелски тераси, почитувајќи ја мерката за оддалеченост.

Масите мора да бидат поставени на растојание од најмалку 1,5 метар и не смее да се дозволи собирање на повеќе луѓе во просторијата за јадење.

Воведени се посебни барања во однос на температурата на складирање и миење на користени садови. Организирање на забавни настани за деца е дозволено само на отворено со строго почитување на мерката за физичко растојание.

Спа центрите во хотелите засега остануваат затворени. Базените ќе работат повторно со строга почитување на пропишаните мерки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот