Пратеникот Зибери со својот џип удри во метална рампа (ВИДЕО)

Новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу, на својот Фејсубк профил објави видео на кое се гледа како новиот пратеник од ДУИ, Арбен Зибери, инаку внук на Насер Зибери (кандидатот на ДУИ за премиер), излезе од Собранието и на излегување со џипот удри во металната рампа.

Зибери е недостапен за медиумите, додека се пишува дека во ДУИ има превирања поради изборот за кадри во новата влада и со тоа е загрозено парламентарното мнозинство.

Според ТВ Алсат-М, вчерашната седница на Централниот совет на ДУИ ја бојкотирале пратениците од Чаир и Сарај, Изет Меџити и Арбен Зибери, а незадоволство од поделбата на ресорите имало и во Струга. Двајцата пратеници наводно најавиле дека нема да учествуваат во гласањето на Талат Џафери за претседател на Собранието и на новата влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот