Пратеници и гости од соседството ДАДОА ПОДДРШКА на првата Парада на гордоста во Скопје (ФОТО)

ЛГБТИ парада
Парада на гордоста/ Фото Архива на Слободен печат

Започна историскиот, прв марш на Парадата на гордоста во Скопје, во која засега се вклучија над 1000 учесници. Забележани се и политичари, а евидентно е и присуството на поддржувачи од соседните земји.

Има и мажи облечени во дрег, многу млади, но и голема поддршка и присуство на родителите на припадници од ЛГБТИ заедницата. Забележано е и не така големо како најавуваното полициско присуство, но сепак строга контрола на тоа кој влегува во заштитената зона, каде се наоѓаат учесниците на Парадата.

лгбт политичари
Фото Слободен печат

Секој учесник или граѓанин кој е дел од Парадата претходно се регистрираше, по што доби и маичка на која пишува „Skopje Pride 2019“.

Уште на самиот почеток група граѓани отстрана довикуваа навредливи зборови кон присутните, но сето тоа беше успешно исконтролирано од страна на полицијата.

скопје лгбт
Фото Слободен печат

Маршот продолжува накај Школка во Градски парк.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот