Пратеници од ДУИ кои се и професори на Тетовскиот универзитет протестираа за поголеми професорски плати

Протест на Тетовски универзитет/Фото: Слободен печат

Претениците од ДУИ Арбер Адеми и Арта Билали Зендели заедно со дел од членството на оваа партија во дворот на Тетовскиот универзитет попладнево дадоа поддршка на нивните колеги-професори кои протестираа за повисоки плати откако Владата донесе одлука за повисоки плати на УКИМ на основа на потпишаниот колективен договор од претходниот претседател на Собранието Талат Џафери.

Адеми вели дека тие како пратеници им даваат подршка на нивните колеги дополнително што на синдикатот на универзитетот им доставиле копија од Предлог закон за дополнување на Законот за високо образование, кој се надева дека оваа недела ќе се најде на дневен ред пред пратениците.

Колективниот договор, вели Адеми кој предвидува поголем плати на професорите од УКИМ, а кој помина во Влада бил претходно потпишан од поранешниот собраниски спикер.

Протест на Тетовски универзитет/Фото: Слободен печат

Сегашниот претседател на парламентот нема законска можност да ги потпише колективните договори на останатите универзитети во земјата, затоа предлог законот е тој кој ќе го реши проблемот.

„Ние сега работиме во овој универзитет, но тука сме и во својство на политичари. Денеска поднесовме Предлог закон за решавање на оваа проблематика за кој се протестира во сите јавни универзитети во државата, на претседателот на Синдикатот ќе му дадеме една копија од Предлог законот за дополнување на Законот за високо образование, да се солидаризираме со протестот и да понудиме решение. Ние сме дел од ова семејство, но сме дел од политиката и имаме можност да изнајдеме решение. Очекувам сето ова да се заокружи оваа недела во Собранието со донесување на Предлог законот. Според изборниот законик претседателот на Собранието иако сака да потпише колективен договор законот тоа не му го дозволува. Но, ние сепак имаме решение оти работиме во Собранието“, вели Адеми.

Да не дозволиме да се дискриминираат останатите универзитети, дополнува Адеми.

„Треба да преземеме чекори. Да не се дозволи оваа дискриминација, јас очекувам дека пратениците ќе ја поддржат оваа иницијатива. Досега ние сме ги зголемувале платите на професорите. Изминативе 7 години имаме рекордно покачување на платите, за речиси 50 % се покачени платите од 2016 година и сега треба да има покачување. Колективниот договор со УКИМ предвидува над 20 % покачување и ние сакаме да им излеземе во пресрет на сите универзитети“, вели Адеми.

Од Синдикатот на Тетовскиот универзитет, веруваат дека Собранието и Владата како највисоки институции на државата ќе најдат решение за излез од ситуацијата.

„Со овие протести петте здружени синдикати ставаат до знаење дека дејствуваат без никаква политичка боја и се организирани за враќање на достоинството, интегритетот и правдата за сите свои вработени. Ви благодариме за ваквото масовно учество од вашата страна и се надеваме дека нашите барања ќе се решат што е можно поскоро и дека нема да ни требаат повеќе протести, во спротивно, доколку не се исполнат овие барања, тогаш ќе продолжиме со нови протести“, рече Шефкет Дехари претседател на Синдикалната организација на Тетовскиот универзитет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот