Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара Собранието да дебатира по нивната информација за аерозагадувањето

Фото: Слободен печат/Д. Митрески

Поради алармантната ситуација во која се наоѓа Република Македонија во однос на загадувањето на амбиентниот воздух во градовите на Република Македонија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ како и што најави поднесе информација за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија. И бараме од господинот Талат Џафери истата информација да ја стави на дневен ред на утрешната седница.

И поради алармантноста на ситуацијата во однос на загадувањето на воздухот истата да биде разгледана и по неа дискутирано во текот на утрешната седница. Оваа точка бараме да се стави како прва точка на дневен ред на утрешната пленарна седница.

Ова господинот Талат Џафери е обврзан според Деловникот на Собранието на Република Македонија. И тоа членот 69 став 3 од Деловникот на Собранието на Република Македонија.

За ваша информација и за информација на граѓаните на Република Македонија ставот 3 од членот 69 гласи дека – „Претседателот на Собранието е должен на секоја втора редовна седница да внесе една точка по предлогот на дневниот ред за седницата на Собранието по предлог на пратениците од опозицијата која ги исполнува условите утврдени со овој Деловник”.

Оваа информација ги исполнува сите услови и ние уште еднаш го повикуваме господинот Талат Џафери во оваа седница да ја предложи како прва точка на дневниот ред на утрешната седница. Досега имаме неколку иницијативи поднесено, ниту една од овие иницијативи не е ставена како прва точка на една од седниците пленарни на Собранието. Верувам дека поради алармантноста на ситуацијата оваа точка ќе биде ставена како прва точка на утрешната пленарна седница на Собранието на Република Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот