Познатиот научник Џикиќ предупредува: Вирусот не слабее, иако симптомите се поблаги

Познатиот научник и професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Гете“ во Франкфурт, Иван Џикиќ вели дека не му е јасно зошто постојано се зборува дека вирусот слабее.

„Пораките дека вирусот повеќе не е толку опасен и слабее се неточни. Тие се базираат на изјава на некој лекар од Италија, но се занемаруваат ставовите на илјадници научници кои го тврдат спротивното. Ние и во март знаевме дека 60-80 посто од луѓето немаат симптоми, но токму тоа е најголемата опасност“, вели Џикиќ во интервју за ХТВ.

Научникот смета дека не треба да се шири паника, но не и да се вели дека се е во ред и под контрола.

„Значи, вирусот не слабее и тоа е факт, но исто така треба да се каже дека симптомите му се поблаги“, оценува професорот Џикиќ, истакнувајќи дека вирусот се пренесува преку капки и доколку се наоѓаме во просторија каде има заболен, а во моментот сме без заштитна маска и не одржуваме дистанца од најмалку 1,5 метри, шансите да се заразиме се големи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот