Познат наодот од аутопсијата на Коби Брајант

Дури по четири месеци по трагичната хеликоптерска несреќа во која загинаа легедарниот НБА кошаркар, Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и уште седум лица, конечно е завршена аутопсија со која се утврдени причините за смртта.

– Повредите на сите патници во хеликоптерот ги здобиле во ментот на ударот на хеликоптерот – изјави патологот Хуан Кариљо кој беше дел од тимот кој ја вршеше аутопсијата на загинатите жртви

Според извештајот од извршената аутопсија, Брајант се здобил со сериозни повреди на внатрешните органи веднаш по ударот на хеликоптерот на земјата, а се утврдени и катастрофални повреди на мозокот и додека 30% од телото имало изгореници.


Извештајот кој е напишан на дури 180 страници покажал и дека пилотот на хеликоптерот Ара Зобајан во своето тело немал никакви траги од алкохол или дрога, и способен да управува со хеликоптерот.

Хеликоптерот удрил во земја со брзина од речиси 300 километри на час, и поради тоа немало шанси никој да прежиее при падот. Ударот предизвикал огромен кратер во ридот од речиси 100 метри. Според медицинскиот извештај сите деветмина во хеликоптерот починале при ударот, но изгорениците на телата се случиле потоа, бидејќи веднаш потоа леталото експлодирало.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот