Познат идентитетот на убиецот од Виена, кој во петокот си ја убил малолетната ќерка и сопругата

Австриска полиција/Фото: EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Полицијата интензивно трага по осомничениот Кристијан Р.(53), кој во петокот утрото ги уби 12-годишната ќерка и неговата сопруга, а според информациите, се сомнева дека побегнал во Хрватска, каде имал закотвен брод, пишува германски Билд.

Обдукцијата на мајката се уште е во тек и се чека конечниот резултат, но како што пренесуваат медиумите, се верува дека ја убил со голи раце или ја претепал до смрт.

Обдукцијата на телото на ќерката покажала дека осомничениот ја задавил.

Да потсетиме, телото на позната адвокатка и нејзината ќерка биле пронајдени во петокот околу 07:20 часот, по што мајката на убиената повикала полиција бидејќи не можела да стапи во контакт со ќерката и внуката.

„Нема полициска историја поврзана со ова семејство“, изјави полицискиот портпарол за Билд.

Полицијата не ја исклучува можноста таткото да се самоубил.

Се уште не е познат мотивот на злосторството.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот