Познат идентитетот на нападнатото момче во Карпош

Фото: Слободен печат

Денеска во 17.00 часот момче беше нападнато од непознат сторител, при што се здобило со тешки телесни повреди, а сега од МВР го потврдија неговиот идентитет.

Иако првично стигна информација дека станува збор за малолетник, во официјалното соопштение на МВР стои дека станува збор за 19-годишно момче.

– На 03.10.2019 околу17.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул..„Шекспирова“ во Скопје, Ф.В. (19) бил физички нападнат од страна на едно лице со тврд предмет. Ф.В. е пренесен во Ургентиот центар каде му се констатирани тешки телесни повреди. Увид направи екипа од СВР Скопје – јавуваат од МВР.

Момчето е пренесено во ургентен центар каде се наоѓа во тешка здравствена состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот