Познат бизнисмен УАПСЕН во Малта за убиството на истражувачката новинарка Галиција

фото: Profimedia/Alamy, Pixaby

Познатиот бизнисмен Јороген Фенекс, бил уапсен од страна на полицијатаво Малта, откако тие го пресретнале на неговата јахта, пренесуваат светските медиуми.

Тој е уапсен еден ден откако премиерот Жозеф Мускат изјави дека ќе размисли за помилување на осомничениот за перење пари кој е обвинет дека бил посредник во убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција.

Галиција беше убиена во експлозија на автомобил-бомба во 2017 година.

Полицијата вчера соопшти дека уапсила маж осомничен за посредување во убиството на познатата новинарка која се бавеше со истражување на висока корупција, Дафне Каруана Галиција.

Се смета дека медијаторот го поврзал лицето осомничено за нарачување на нејзиното убиство со мажите обвинети за извршување на убиството, како и со оние кои ја набавиле експлозивната направа.

Весникот „Тајмс оф Малта“ во вторникот објави дека владата размислува за можност за помилување, доколку медијаторот ги предочи пред истражните органи организаторите на убиството, пренесува „Индекс“.

Каруана Галиција, која водеше блог за висока корупција, беше убиена од автомобил-бомба додека го напушташе својот дом во близина на главниот град Валета во октомври 2017 година.

Убиството ја шокираше Европа и отвори прашања за владеењето на правото на овој медитерански остров.

Тројца мажи осомничени дека го извршиле убиство беа уапсени во декември по злосторничкиот чин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот