Позитивен тест нема да откаже трка во Формула 1

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Трката за Големата награда на Австралија во март беше откажана откако член од тимот на Мекларен беше позитивен на Ковид-19.

Генералниот директор на Формула 1, Чејс Кери изјави дека трките нема да бидат откажано доколку возач или член на тим биде позитивен на коронавирус.

Како што е веќе познато, организаторите на Ф1 потврдија осум трки оваа натпреварувачка сезона 2020.

Имаме процедура која ќе ни овозможи позитивен тест на коронавирус да не доведе до откажување на трка. Доколку возач биде заразен, тимовите имаат резервни возачи – им рече Кери на новинарите после одлуката за старт на сезоната.

Трката за Големата награда на Австралија во март беше откажана откако член од тимот на Мекларен беше позитивен на Ковид-19.

Има премногу сценарија за да го анализиме секое, но доколку тим не може да се натпреварува, тоа нема да биде причина за откажување на трките – додаде Кери.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот