Потврдени осум трки, Ф1 сезоната ќе започне на 5 јули!

EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Во Австрија и Велика Британија ќе се возат по две трки, а по една во Унгарија, Шпанија, Белгија и Италија.

Новата сезона во најбрзиот „циркус“ на светот ќе стартува во Австрија на 5 јули 2020 година, потврдија организаторите.

Денеска официјално потврдени се термини на осум трки, сите на европско тло. Во соопштението се вели дека Формула 1 шампионатот ќе започне со две трки во Австрија (5 и 12 јули).

Потоа, на 19 јули ќе биде одржана и трката за Големата награда на Унгарија. Ќе следува пауза од 14 дена, па уште две трки во Велика Британија, и по една во Шпанија, Белгија и Италија.

На „Силвертоун“ ќе се вози на 2 и 9 август, додека трката во Барселона е закажана за 16 август. На 30 август најдобрите Ф1 возачи ќе се натпреваруваат во Белгија, а на 6 септември во Италија.

Не се објавени плановите за останатиот дел од сезоната, бидејќи е неизвесно како ќе се развива ситуацијата со пандемијата на коронавирус. Сите трки ќе бидат одржани без присуство на навивачи, додека учесниците ќе мора да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од Ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот