Пожарот од Албанија се прошири на непристапен терен на НП Галичица, гаснењето од земја ризично поради неиспукани гранати на теренот

Пожар на Галичица. / Фото: професор Дејан Трајковски

Пожарот на планината Галичица, кој вчера гореше на албанска територија, според последните информации, со помош на ветрот е преминат на територија на РСМ кај граничен камен Ф-9, информираат од Центарот за управување со кризи.

-Во моментов гори сува трева, грмушки и ниска деградирана ретка шума. Теренот е непристапен за гаснење од земја со човечка сила и е ризичен терен со заостанати неиспукани убоити средства од балканските и Првата светска војна, поради што постои реална опасност од нивно активирање, предупредуваат од ЦУК.

Оттаму проценуваат и дека постои опасност од проширување на пожарот, при што би можела да биде зафатена и заштитената зона од шума  на НП Галичица. Од ЦУК се нагласува дека со ангажирање на хеликоптер би се спречило проширувањето, дека поради ова екипа од НП Галичица и граничната полиција се на терен и дека засега го набљудувааат пожарот, но не интервенираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот