Пожар во трговскиот центар во Кочани – се запалило црево од плинска боца
Пожар избувна попладнево во кујнскиот дел на угостителски објект сместен во Трговскиот центар во Кочани. Причината за инцидентот било запалување на црево поврзано со плинска боца, што предизвикало голема загриженост кај присутните граѓани, соопшти .
Препорачано
Благодарение на присебноста на вработените во објектот, спречена е поголема трагедија. Тие многу брзо реагирале и со помош на противпожарни апарати успеале да го локализираат огнот пред тој да се прошири низ целиот ресторан. Веднаш по нив, на местото на настанот пристигнала екипа на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Кочани. Пожарникарите експресно ги извлекле плинските боци од опожарениот простор, со што ја елиминирале опасноста од разорна експлозија и дополнително го обезбедиле теренот.
Иако огнот бил брзо изгаснат, густиот чад преку вентилацискиот систем навлегол во дел од становите во блокот А на Трговскиот центар. Поради тоа, неколку семејства биле принудени превентивно да ги напуштат своите домови.
На терен излегла и полицијата, а надлежните служби во моментов вршат увид за точно утврдување на причините кои довеле до запалувањето на плинската инсталација. Сведоците на настанот се едногласни дека само брзата интервенција спречила катастрофални последици.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
43мин
-
1час
-
8час
-
8час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


