Пожар во фабрика во Франција, нема повредени

Пожар избувна во фабриката за биогорива „Саипол”, која се наоѓа во близина на францускиот град Руан, јави дописникот на МИА.

– Инцидент во фабриката „Саипол“. Пожарникарите се на терен. Почитувајте го поставениот безбедносен периметар од 500 метри, објави полицијата на својот профил на Твитер.

Градоначалникот на Руан, Патрис Дупрај увери дека во инцидентот нема повредени.

Запрашан за ризиците од загадување, тој нагласи дека единствениот опасен производ не бил зафатен од огнот, додавајќи дека „тука се произведува масло и добиточна храна, тоа не е Лубризол“.

На 26 септември 2019 изби голем пожар во фабриката „Лубризол“ во близината на Руан, при што изгореа 9.505 тони хемиски производи, предизвикувајќи црн облак од чад видлив на 22 километри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот