Фото: euroweeklynews.com

Пожар во дом за стари лица во Шпанија: Една жена загина, 18 повредени

Една 89-годишна жена загина, а 18 лица се повредени во пожар што избувна во дом за стари лица во Шпанија, соопштија денеска службите за итни случаи. Според пожарникарите, пожарот избувнал на третиот кат од домот во Севилја, на југот на Шпанија, во вторникот пред полноќ.

Како што наведуваат, соседите им понудиле засолниште во своите домови на постарите корисници кои биле принудени да ја напуштат зградата. Голем број од нив биле однесени во спортски центри за да ја поминат ноќта таму.

Истрагата за причините за пожарот е во тек. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот