Пожар во албанското летувалиште Ксамил, мирис на чад и раздвиженост на пожарникарски возила

фото МИА

Пожар попладенето избувна во близина на албанското летувалиште Ксамил. Зафатени се трева и нискостеблеста шума на тешко пристапно подрачје.

На терен се пожаникари кои заедно со локалното население го локализираат пожарот. Засега нема опасност пожарот да ги зафати станбените објекти во крајбрежјето на Ксамил, каде што во моментов летуваат и голем број туристи од С Македонија.

Освен мирис на чад и забележлива раздвиженост на пожарникарски возила, нема издадено предупредување од албанските власти за евентуална опасност од пожарот, велат за МИА македонски граѓани кои летуваат во Ксамил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот