Фото: МИА

Пожар над Брушани кај Тиквешко Езеро, гори борова шума

Гори борова шума над месноста Брушани кај Тиквешко Езеро. Информација ја потврдија за МИА од Територијалната противпожарна единица во Кавадарци, од каде нагласија дека по дојавата за пожар, на терен веднаш заминало противпожарно возило со двајца пожарникари, а во моментов тргнува уште едно возило со четворица пожарникари и доколку има потреба, уште возила и пожарникари ќе се упатат на лице место.

Според првичните информации што ги имаат, причината за пожарот најверојатно е човечки фактор.

Од Противпожарната служба уште еднаш апелираа до населението за совесност и внимателност, со цел да не се предизвикуваат пожари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот