Повторувајте по мене: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во историјата

Новак Ѓоковиќ доминира во светот на тенисот/ фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Поранешниот селектор на САД и помлад брат на Џон Мекинро, Патрик нема дилеми кој е најдобриот тенисер во историјата по триумфот на Новак Ѓоковиќ на Мастерсот во Париз.

Ѓоковиќ со победата во Париз се искачи на врвот на листата по бројот на освоени мастерси, Србинот сега има 37, додека Рафаел Надал остана на 36 титули.

„Луѓе повторувајте по мене… Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер во машка конкуренција… Во Историјата“, напиша Патрик Мекинро на Твитер.

Ѓоковиќ во триумфот во Париз исто така го обезбеди и првото место на АТП ранг-листата на крајот од годината по рекорден седми пат, исто така стана и првиот тенисер по Андре Агаси од 1999 година кој во иста сезона триумфал и на Ролан Гарос и на Мастерсот во Париз.

Следниот предизвик за Новак Ѓоковиќ е завршниот мастерс во Торино кој ќе се игра од 14. до 21. ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот