Повторно работи пречистителната станица за депонијата на Југохром

Министерството за животна средина тврди дека пречистителната станица за преработка на отровниот исцедок од депонијата на фабриката Југохром од Јегуновце е во функција од крајот на минатата година, откако биле завршени набавките на неопходните хемикалии и резервни делови со набавките направени кон крајот на изминатата година.

Оттаму велат дека согласно Програмата за управување со водите за 2021 година, за пречистителната станица и СКАДА системот во Јегуновце за годинава биле обезбедени средства во висина од 9 400 000 денари.

„Слободен печат“ објави дека депониски отровни излевања непречено се разлеваат по нивите во околина на тетовско Јегуновце и исцедокот со шествалентниот хром завршува во реката Вардар.

Раководството на Југохром деновиве најави рестарт на фабриката наесен доколку успеат да ја довршат изградбата на филтерот за пречистување на фабричкиот оџак. Депонијата со рудна згура која му припаѓа на некогашниот полошки металуршки гигант, веќе со децении претставува еден од главните еколошки проблеми во земјата поради потенцијалната опасност шествалентниот хром да продре во подземните води кои го хранат изворот Рашче.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот