Повеќе од 50 китови угинаа на остров во Шкотска
На брегот на островот Луис во Шкотска се насукаа повеќе од 50 пилот-китови, а само десет од нив преживеале, соопшти британската служба за спасување морски животи БДМЛР. Тие велат дека локалните експерти им пружаат прва помош, а лекарите од околните области ја подготвуваат опермата и организираат транспорт до островот.
Препорачано
Претходните извештаи укажуваат дека се работи за околу 55 животни, но според најновите информации, само десет се живи, пишува Гардијан.
БДМЛР минатата година доби над 3.000 повици за насукани животни на брегот на Обединетото Кралство.
Најголемиот ваков настан во Шкотска се верува дека бил кога група од 70 пилот-китови со долги перки, од кои 19 умреле, се насукале во Сатерленд во јули 2011 година. Во извештајот на владините научници се заклучува дека бучавата од подводните бомби го предизвикала инцидентот со оштетување на слухот и навигациските способности на китовите. Пилот-китовите се всушност големи океански делфини, кои се најранливи на масовни насукувања.
Човековото влијание врз морската средина – вклучувајќи ги поморските активности, истражувањето на нафта и гас, загадувањето и климатската криза – се смета за главна причина за ваквите настани во последниве години.


