Повеќе од пет часа траеше распитот на Мандиќ: Заменичката на Боки 13 била доведена во заблуда

Фото: МИА

Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ, заменичката на Боки 13 во невладината организација „Меѓународен сојуз“ повеќе од 5 часа беше на распит кај oбвинитeлката Вилма Русковска, пренесе „Макфакс“.

Заменичката на Бојан Јовановски во неговата невладина „Меѓународен сојуз“ била доведена во „стварна заблyда“, правнички речено, тврди нејзиниот aдвoкaт Душко Јанковиќ во изјава за медиумите.

-Неспорно е дека е донесена во заблуда. Правнички речено, во стварна заблуда. Не само таа, туку и други биле донесени во заблуда. Кога не знаете дека некој позади вас има друг план и крои нешто друго, односно еве да речеме измама во овој предмет, тоа е стварна заблуда. Специјално ви кажувам за Јасна дека така е- рече Јанковиќ.

Јанковиќ вели дека не може да сподели детали од исказот, бидејќи наредните денови ќе сведочат останатите осомничени во случајот за Меѓународниот сојуз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот