Повеќе од 85 милиони Американци веќе гласаа на изборите

Американско знаме / Фото: Архива

Повеќе од 85 милиони Американци веќе го искористија своето право на глас на претседателските избори, вклучително и девет милиони во Тексас, каде што бројот на гласачи ја надмина вкупната излезност на последните избори во 2016 година.

Според податоците од базата за мониторинг на гласањето наречена „Изборен проект” од Универзитетот во Флорида, предвременото гласање соборува рекорди низ САД.

Огромната излезност на предвременото гласање го одразува и големиот интерес на гласачите за изборите и нивната желба да избегнат ризик од коронавирусот и метеж на денот на изборите на 3 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот