парк за миленици

Повеќе нема изговори за кучињата да се шетаат во паркови за деца

Општина Кисела Вода пред влезот на отворениот пливачки базен во Расадник, направи нов парк за миленици.

Од општината велат дека веќе нема да бидат толерантни кон несовесните граѓани кои не го собираат изметот од кучињата, и дополнително, ќе бидат опоменувани и казнувани, доколку бидат забележани дека милениците ги шетаат надвор од новоизградениот парк за миленици.

– Зачестени се инспекциските контроли по парковите и детските игралишта. Комуналните редари во придружба на комунален инспектор ги опоменуваат и казнуваат граѓаните доколку забележат дека зад нив оставаат измет од милениците. Казните изнесуваат 50 евра, кои може да се наплатат и со општокорисна работа. Апелираме милениците да се шетаат во местата наменети за нив, со цел правилно да се искористат новите паркови за миленици, направени токму по барање на граѓаните, велат од Кисела Вода.

Парк за миленици

Парк за миленици

Паркот се простира на површина од околу 420 м2, и истиот е со висина на ограда од 1,6 метри. Во паркот поставена е урбана опрема, осум клупи за одмарање, шест корпи за отпадоци и за собирање на изметот. Поставени се и четири реквизити за милениците.

Парк за миленици

Неодамна, парк за домашни миленици, Општината направи и во урбаната заедница „11 Октомври – бараки”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот