Повеќе не е најбогат човек на светот: Илон Маск загуби 15 милијарди долари

epa-efe
Илон Маск е избран за личност на годината од страна на магазинот „Тајм" за 2021 година./ Фото: EPA-EFE/BRITTA PEDERSEN / POOL

Илон Маск повеќе не е најбогат човек на светот по неодамнешниот пад на цената на акциите на компанијата „Тесла“ која е главен извор на неговата империја.

Акциите на „Тесла“ паднаа за 20 отсто во однос на пикот што го достигнаа во јануари кога чинеа 880 долари. Изразената загуба е забележана оваа недела по инвестицијата на компанијата од 1,5 милијарди долари во Биткоин, наведува „Би-Би-Си“.

Падот на Маск, кој загуби 15 милијарди долари, го врати Џеф Безос на листата на најбогати луѓе во светот.

Падот на цената на акциите на „Тесла“ следуваше по изненадувачкиот раст во текот на миатата година и „скокот“ од 90 на повеќе од 700 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот